Марко 6:20-26 MK2006D

20 Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет и го пазеше; многу работи вршеше откако ќе го слушне, а со задоволство го слу­ша­ше.

21 И настана погоден ден кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и ста­решини Галилејски;

22 и влезе ќерката на Иродијада, иг­ра­ше и им угоди на гостите и на Ирод. То­гаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“

23 И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.“

24 А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител!“

25 И таа веднаш влезе кај царот и по­бара, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на чинија главата на Јован Крстител!“

26 Царот се натажи, но заради вету­ва­њето и гостите свои не сакаше да от­каже.