21 И настана погоден ден кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини Галилејски;
22 и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирод. Тогаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“
23 И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.“
24 А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител!“
25 И таа веднаш влезе кај царот и побара, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на чинија главата на Јован Крстител!“
26 Царот се натажи, но заради ветувањето и гостите свои не сакаше да откаже.
27 И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.