27 И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.
28 А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на чинија, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си.
29 Кога неговите ученици слушнаа, дојдоа и го положија во гроб.
30 И се собраа апостолите кај Исус, па Го известија за сѐ што направиле и поучувале.
31 А Тој им рече: „Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат.
32 И отидоа со кораб сами во осамено место.
33 И ги виде народот кога си одеа; и Го познаа мнозина, па пеш од сите градови тргнаа таму; и ги испреварија и се собраа околу Него.