34 А Исус, кога излезе, виде многу народ и се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу.
35 И бидејќи веќе времето поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: „Пусто е местово, а и доцна е;
36 распушти ги за да отидат по околните села и населби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“
37 Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да појдеме и да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“
38 Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“
39 Тогаш Исус им рече на сите да поседнат по групи по зелената трева.
40 И поседнаа во групи по сто и по педесет.