4 А Исус им рече: „Пророкот не е без чест, освен во својата земја, меѓу роднините и во својот дом.“
5 И не можеше тука да изврши никакво чудо; освен што излекува малку болни, полагајќи ги рацете врз нив.
6 И се чудеше на нивното безверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
7 И ги повика дванаесетмината, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.
8 Па им заповеда да не земаат ништо за по пат освен по еден стап; ниту торба, ниту леб, ниту пари во појасот.
9 Но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10 И им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, сѐ додека не си отидете оттаму.