41 Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите.
42 И јадеа сите и се наситија.
43 И собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви.
44 А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
45 И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Тој не го распушти народот.
46 А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли.
47 Приквечер коработ беше сред морето, а Тој сам на копното.