43 И собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви.
44 А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
45 И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Тој не го распушти народот.
46 А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли.
47 Приквечер коработ беше сред морето, а Тој сам на копното.
48 И ги виде како се мачат при пловењето, зашто ветрот им беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив.
49 А тие, кога го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, и почнаа да викаат;