49 А тие, кога го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, и почнаа да викаат;
50 Зашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“
51 И влезе кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие беа силно запрепастени во себе и зачудени.
52 Зашто не го сфатија чудото со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53 И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму.
54 А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа.
55 Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека Тој се наоѓа.