51 И влезе кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие беа силно запрепастени во себе и зачудени.
52 Зашто не го сфатија чудото со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53 И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму.
54 А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа.
55 Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека Тој се наоѓа.
56 И каде да влегуваше: во цела, во градови или населби – на крстопатите полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите што се допираа до Него, оздравуваа.