8 Па им заповеда да не земаат ништо за по пат освен по еден стап; ниту торба, ниту леб, ниту пари во појасот.
9 Но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10 И им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, сѐ додека не си отидете оттаму.
11 А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, излегувајќи оттаму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и Гомор во судниот ден, отколку на тој град.“
12 Тие појдоа и проповедаа покајание.
13 Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
14 И цар Ирод слушна за Исус, зашто името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.“