11 А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог‘,
12 тогаш не му оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка,
13 укинувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вршите.“
14 И кога го повика сиот народ, им рече: „Слушајте Ме сите и разберете:
15 ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
16 Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“
17 И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.