20 И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
21 Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
22 кражби, лакомства, злоби, лукавства, развртат, око завидливо, богохулство, гордост, безумство.
23 Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“
24 И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие.
25 Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и падна пред нозете Негови.
26 А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.