27 Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“
28 А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“
29 И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“
30 И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
31 И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десеттоградието.
32 И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него рака.
33 Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик;