30 И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
31 И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десеттоградието.
32 И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него рака.
33 Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик;
34 потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отвори се!“
35 И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36 И им заповеда никому да не кажуваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.