33 Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик;
34 потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отвори се!“
35 И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36 И им заповеда никому да не кажуваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.
37 И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!“