Марко 7:4-10 MK2006D

4 и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.

5 Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“

6 А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене;

7 но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘

8 Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“

9 И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание.

10 Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘