7 но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘
8 Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“
9 И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.
10 Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘
11 А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог‘,
12 тогаш не му оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка,
13 укинувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вршите.“