1 Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече:
2 „Ми е жал за народот, зашто веќе три дни стојат кај Мене и нема што да јадат.
3 Ако ги пуштам да си одат гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“
4 Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“