10 И веднаш влезе во кораб со учениците Свои и дојде во пределите Далманутски.
11 И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, бараа од него знак од небото.
12 А Тој воздивна длабоко и рече: „Зошто овој род бара знак? Вистина ви велам: нема да му се даде знак на овој род.“
13 И кога ги остави, пак влезе во коработ и премина на другата страна.
14 А учениците Негови беа заборавиле да ги земат лебовите и немаа со себе во коработ, освен еден леб.
15 А Тој ги опоменуваше, велејќи: „Внимавајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!“
16 И си размислуваа меѓу себе, велејќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“