14 А учениците Негови беа заборавиле да ги земат лебовите и немаа со себе во коработ, освен еден леб.
15 А Тој ги опоменуваше, велејќи: „Внимавајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!“
16 И си размислуваа меѓу себе, велејќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“
17 А Исус, кога ги разбра, им рече: „Зошто зборувате за тоа што немате леб? Зар уште не сфаќате и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?
18 Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли?
19 Кога ги раскршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња собравте?“ Му рекоа: „Дванаесет.“
20 „А седумте – за четири илјади, колку полни кошници со останати парчиња собравте?“ Тие одговорија: „Седум.“