22 Потоа дојде во Витсаида; и доведоа кај Него слеп и Го молеа да се допре до него.
23 И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дали гледа нешто.
24 Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето да одат како дрвја.“
25 Потоа пак ги положи рацете над очите и направи да прогледа. И се излекува и ги гледаше сите јасно.
26 И го испрати во домот негов и му рече: „Ниту в село влегувај, ниту в село некому раскажувај!“
27 И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По патот ги праша учениците Свои и им рече: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“
28 Тие одговорија: „Јован Крстител, некои Илија, а други, пак, некој од пророците.“