Марко 8:31-37 MK2006D

31 Па почна да ги учи дека Синот Чо­вечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, прво­свеш­те­ниците и книжниците, и да биде убиен и по третиот ден да воскресне.

32 И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече насамо и почна да Го одвраќа.

33 А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, са­та­но! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“

34 И кога го повика народот и уче­ниците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.

35 Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби жи­вотот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси.

36 Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?

37 Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?