6 Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги разделија на народот.
7 Имаа и малку рипчиња; ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив.
8 И јадеа, и се наситија; и собраа седум кошници останати парчиња.
9 А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти.
10 И веднаш влезе во кораб со учениците Свои и дојде во пределите Далманутски.
11 И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, бараа од него знак од небото.
12 А Тој воздивна длабоко и рече: „Зошто овој род бара знак? Вистина ви велам: нема да му се даде знак на овој род.“