Марко 9:37-43 MK2006D

37 „Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“

38 Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име демони изгонува, а не врви по нас; и му забранивме, зашто не оди по нас.“

39 А Исус рече: „Не бранете му, заш­то никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.

40 Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.

41 И кој ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата на­града.“

42 „А кој ќе соблазни едно од овие ма­лите, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море.

43 И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во не­изгасливиот оган,