Марко 9:41-47 MK2006D

41 И кој ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата на­града.“

42 „А кој ќе соблазни едно од овие ма­лите, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море.

43 И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во не­изгасливиот оган,

44 каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.

45 И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пе­ко­лот, во неизгасливиот оган,

46 каде што нивниот црв не умира ниту огнот не изгаснува.

47 И, ако окото твое те соблазнува, из­вади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во ог­нениот пекол,