Откровение 1:2-8 MK2006D

2 Кој го посведочи словото Божјо и сведоштвото на Исус Христос, и сѐ што виде.

3 Блажен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.

4 Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови кои се пред Неговиот престол,

5 и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ воз­љу­би и изми од нашите гревови преку Сво­јата крв

6 и Кој нѐ направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!

7 Ете, иде со облаци, и ќе го види се­кое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!

8 Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.