Откровение 7 MK2006D

Црквата како Божји народ

1 Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво.

2 И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи:

3 „Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“

4 И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на си­но­вите Израилеви.

5 Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жа­ни – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади;

6 од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото коле­но – дванаесет илјади;

7 од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади;

8 од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.

Црквата како мноштво од избраните

9 Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.

10 И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“

11 А сите ангели стоеја околу прес­то­лот, старешините и четирите животни, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога,

12 велејќи: „Амин! Благослов и слава, мудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!“

13 А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели облеки, кои се и од каде дошле?“

14 А јас му одговорив: „Ти знаеш, гос­подине.“ А тој ми рече: „Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа об­ле­ките свои и ги избелија со крвта на Јагнето.

15 Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на прес­то­лот, ќе се всели во нив;

16 и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина;

17 бидејќи Јагнето, Кое е среде прес­толот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни.“

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22