Откровение 8 MK2006D

Отворање на седмиот печат

1 Кога го отвори седмиот печат, нас­тана тишина на небото околу по­ло­вина час.

2 И ги видов седумте ангели што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби.

3 Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со мо­литвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.

4 Димот од темјанот, заедно со молит­вите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.

5 И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фр­ли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и зем­јотрес.

Седумте труби

6 И седумте ангели што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.

7 Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.

8 Затруби и вториот ангел – и како не­која голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;

9 и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа.

10 И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.

11 А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи беа загорчени.

12 Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една тре­тина од ѕвездите, за да потемнее една третина од нив, та третина од денот, ка­ко и на ноќта, да не свети.

13 И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што жи­веат по земјата од другите трубни гла­сови на трите ангели што ќе трубат!“

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22