4 Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови кои се пред Неговиот престол,
5 и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв
6 и Кој нѐ направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!
7 Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!
8 Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.
9 Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Патмос, заради словото Божјо и заради сведоштвото на Исус.
10 Во Господовиот ден бев понесен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба,