Откровение 1:5-11 MK2006D

5 и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ воз­љу­би и изми од нашите гревови преку Сво­јата крв

6 и Кој нѐ направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!

7 Ете, иде со облаци, и ќе го види се­кое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!

8 Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.

9 Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Пат­мос, заради словото Божјо и заради све­доштвото на Исус.

10 Во Господовиот ден бев понесен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба,

11 кој велеше: „Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот. Тоа што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте Цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Ти­атир, во Сард, во Филаделфија и во Ла­одикија!“