9 Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Патмос, заради словото Божјо и заради сведоштвото на Исус.
10 Во Господовиот ден бев понесен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба,
11 кој велеше: „Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот. Тоа што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте Цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Тиатир, во Сард, во Филаделфија и во Лаодикија!“
12 И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници,
13 а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас;
14 главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен;
15 нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води.