Откровение 10:5-11 MK2006D

5 И ангелот, кого го видов како стои над морето и над земјата, крена рака кон небото

6 и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него – дека не ќе има веќе време,

7 но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Тој на своите слуги – проро­ците.

8 И гласот што го бев чул од небото, одново прозборува со мене и рече: „Оди и земи ја отворената книшка од рацете на ангелот што стои над морето и над земјата!“

9 Тогаш отидов кај ангелот и му реков: „Дај ми ја книшката!“ Тој ми од­говори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.“

10 Ја зедов книгата од рацете на ан­ге­лот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот.

11 И ми рече: „Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви.“