1 И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него.
2 А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на незнабошсите: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци.
3 И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дена.“
4 Тие се двете маслинови дрвца и двата светилника што стојат пред Господарот на Земјата.
5 И, ако некој сака да им направи неправда, оган ќе излезе од устата нивна и ќе ги проголта нивните непријатели; да, така треба да биде убиен оној што ќе посака тоа да го направи.