10 И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние што живеат на земјата.
11 Но по три и пол дена во нив ќе влезе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние што ќе ги гледаат.
12 Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: „Искачете се ваму!“ И тие ќе се искачат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги видат.
13 Во тој час ќе настане голем земјотрес и една десетина од градот ќе се сруши; а од земјотресот ќе загинат седум илјади човечки имиња: другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му оддадат слава на небесниот Бог.
14 Второто зло мина. Ете, брзо иде третото зло.
15 Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите векови!“
16 И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,