16 И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,
17 велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителе, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата голема сила и се зацари!
18 Народите збеснаа, но дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои – на пророците, на светиите и на оние кои имаат страхопочит кон името Твое, мали и големи, и да ги погубиш оние што ја уништуваа земјата!“
19 Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Неговиот храм; и имаше светкавици и гласови, громови и земјотрес, и град голем.