14 И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.
15 И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја одвлече со реката.
16 Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата устата своја и ја проголта реката што ја беше испуштил змевот од устата своја.
17 И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос.
18 И застана на морскиот песочен брег.