Откровение 13:2-8 MK2006D

2 Ѕверот што го видов прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата – како уста на лав. И змевот му ја даде силата своја, и престолот свој, и голема власт.

3 И видов дека една од главите негови како да беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се за­чуди целата земја и тргна по ѕверот;

4 и му се поклонија на змевот, кој му беше дал власт на ѕверот; му се покло­нија и на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него?“

5 Нему му се даде уста што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеци.

6 Тогаш ја отвори устата за хулење против Бога за да го навредува името Негово, живеалиштето Негово и оние што живеат на небото.

7 И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.

8 И ќе му се поклонат сите земни жи­тели, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот.