5 Нему му се даде уста што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеци.
6 Тогаш ја отвори устата за хулење против Бога за да го навредува името Негово, живеалиштето Негово и оние што живеат на небото.
7 И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.
8 И ќе му се поклонат сите земни жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот.
9 Кој има уво, нека чуе:
10 кој во прогонство води, во прогонство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч треба да биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.
11 И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот.