16 И Оној што седеше на облакот го фрли српот свој на земјата и земјата беше пожнеана.
17 И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп.
18 И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: „Фрли го српот свој и обери го грозјето од земното лозје, зашто зрната му се веќе зрели!“
19 И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев,
20 и се изгмечи кацата надвор од градот, и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, на илјада и шестотини стадии.