4 Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“
5 Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на собранието.
6 И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси.
7 И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови.
8 И се исполни храмот со дим од славата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте казни на седумте ангели.