10 Петтиот ангел ја излеа чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка
11 и Го проколнуваа небесниот Бог поради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.
12 Шестиот ангел ја излеа чашата своја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.
13 И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;
14 зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот.
15 „Ете, Јас доаѓам како крадец; блажен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов!“
16 И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.