17 Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небесниот храм се пронесе силен глас кој извика: „Се сврши!“
18 И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата.
19 Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.
20 Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.
21 И град, голем како талант, падна од небото на луѓето; а луѓето Го проколнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.