2 И отиде првиот ангел и ја излеа чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговата биста, се појавија лоши и лути рани.
3 И вториот ангел ја излеа чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.
4 Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.
5 Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди,
6 бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!“
7 И чув друг како зборува од жртвеникот: „Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди!“
8 Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жари луѓето со оган.