8 Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жари луѓето со оган.
9 И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му оддадат слава.
10 Петтиот ангел ја излеа чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка
11 и Го проколнуваа небесниот Бог поради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.
12 Шестиот ангел ја излеа чашата своја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.
13 И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;
14 зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот.