11 И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.
12 А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.
13 Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.
14 Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“
15 И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците.
16 А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.
17 Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.