13 Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.
14 Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“
15 И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците.
16 А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.
17 Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.
18 А жената, која ја виде ти, е големиот град кој царува над земните цареви.“