6 И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов.
7 И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.
8 Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои.
9 Овде е потребен ум што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори врз кои седи жената;
10 а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.
11 И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.
12 А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.