8 Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои.
9 Овде е потребен ум што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори врз кои седи жената;
10 а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.
11 И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.
12 А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.
13 Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.
14 Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“