14 И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш.
15 Трговците, кои со тие стоки се збогатија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи
16 ќе зборуваат: ,Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери,
17 зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку
18 и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: ,Кој беше како овој голем град?‘
19 И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ,Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапоцености се обогатија сите што имаа кораби по море; зашто за еден миг запусте!‘
20 Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права!