21 Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички камен, па го фрли во морето и рече: ,Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!‘
22 И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе.
23 И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите магии се заблудија сите народи.
24 И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.“